Познат календарот во Примера: Реал гостува на Ла Коруња, Бетис прва пречка за Барса

Шпанските прволигаши го добија распоредот за сезоната 2017/18. Првенството ќе започне на 18. август, а првто коло ќе се комплетира три дена подоцна, на 21. август.

Шампионот Реал Мадрид ја започнува одбраната на титулата со Ла Коруња, додека лутиот градски ривал Атлетико, ќе гостува кај новите прволигаши Жирона. За новиот тренер на Барселона, Ернесто Валверде прв предизвик ќе биде Бетис на „Камп Ноу“.

Екипата на нашиот млад репрезентативец Енис Барди, новопромовираните Леванте борбата за опстанок во лигата ќе ја започнат против Виљареал на домашен терен.

Што се однесува за „Ел Класико“ натпреварите, на „Сантијаго Бернабеу“ Реал и Барса ќе се сретнат на 20. декември, во рамки од 17. коло во Примера. реваншот на „Камп Ноу“ ќе биде на две кола пред крајот на првенството, односно 36. коло на 6. мај 2018 година.

ПРИМЕРА – Прво коло (18. август):

Севилја – Еспањол

Малага – Еибар

Валенсија – Лас Палмас

Селта Виго – Реал Сосиедад

Барселона – Бетис

Депортиво ла Коруња – Реал Мадрид

Леганес – Алавеш

Леванте – Виљареал

Жирона – Атлетико Мадрид

Атлетик Билбао  – Хетафе

Се вчитува...