Познат календарот за новата сезона во Мото ГП – Шоуто почнува на 19. јули во Херез

Познат е службениот распоред за новата сезона во Мото ГП шампионатот. Сезоната ќе стартува на 19. јули со трката за Големата награда на Шпанија на патеката во Херез. Сите трки во новата сезона ќе бидат одржани на европско тло, а дури девет од нив ќе бидат во Шпанија. Следната трка ќе биде недела подоцна исто така во Херез. После тоа најдобрите мотоциклисти патуваат во Чешка каде на патеката во Брно на 6. јули ќе се вози ГН на оваа земја. Трките во Тајланд, Малезија, Тексас и Аргентина се уште не се откажани, а последен рок за нивно вметнување во календарот ќе биде 31. јули.

Се вчитува...