Во „Куќа на фудбалот“ денеска беше одржана ждрепка и одреден распоредот на натпревари за новата натпреварувачка сезона во Првата македонска фудбалска лига.
Во првото коло, актуелниот шампион Шкендија ќе гостува во Кавадарци против Тиквеш. Екипата на Брегалница воведниот натпревар ќе го одигра на домашен терен против Шкупи. Скопје ќе гостува кај Ренова, Македонија ЃП ќе се соочи со Пелистер. Во Струмица, Академија Пандев ќе игра со Струга Трим Лум, додека Работнички ќе го пречека тимот на Борец.
Натпреварите од 1. коло ќе се одиграат на 8. август со почеток во 17:30 часот.
Познат е и комплетниот распоред за првите два круга од сезоната 2021/22.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА