Познат наследникот на Зинедин Зидан во Реал Мадрид

Елиминацијата на Реал Мадрид од Лигата на шампионите повторно ги почна шпекулациите за заминување на Зинедин Зидан од тренерското место во клубот. Шпанските медиуми веќе почнаа да шпекулираат со името на неговиот наследник, а како најголем фаворит се споменува легендарниот Раул Гонзалез.

Неодамна се споменуваше и Масимилијано Алегри како можна замена за Французинот, но сега се се поголеми шпекулациите за Раул кој во моментов го води вториот тим на Реал Мадрид, Кастилја.

Тој неодамна со Кастилја избори пласман во Сегунда, а минатата сезона со младинскиот тим на „кралевите“ славеше и во младинската Лига на шампиони.

Се вчитува...