Македонските одбојкари ќе го почнат новиот настап на еден европски шампионат со дуел против Бугарија, и тоа во Софија, беше одлучено со објавувањето на денешниот распоред на натпреварите за ЕП 2026.
Ждрепката во Бари утврди Македонија да биде дел од групата Б заедно со Бугарија, Полска, Украина, Португалија и со Израел, првиот план беше средбите од оваа група да се играат во Варна, но Бугарите неколку дена по ждрепката се решија групата да ја преселат во својот главен град.
Според распоредот објавен денеска, мечот од првото коло меѓу Бугарија и Македонија ќе се игра на 9 септемви со почеток во 18 част, дуел кој и свечено ќе биде отворен овој европски шампионат.
Во второто коло за противник на 11 септември 2026 ќе ја имаме Украина, а во третата рунда наш ривал ќе биде Полска, која е фаворит за златото и на ова големо натпреварување. За 15 септември е закажан мечот со Португалија, а последната битка за влез во нокаут фазата ќе ја биеме на 16 септември со почеток во 15 часот против Израел.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

