Денешната ждрепка сакаше Македонија да се најде во групата Б на Европското ракометно првенство 2026, која ќе се игра во Хернинг заедно, а ќе бидеме заедно со репрезентациите на домаќинот Данска, Португалија и Романија.
Веќе е и познат распоредот на натпреварите со тоа што сатниците дополнително ќе бидат одредени.
Турнирот избраниците на Кирил Лазаров ќе го стартуваат на 16 јануари и тоа против фаворитот број еден за европското злато Данска. Потоа на 18 јануари одиме на мегдан со Романците која е селекција со која можеме да се надигруваме и да бараме победа за да на крајот, на 20 јануари, ги одмериме силите со незгодната Португалија.
Базата на Македонија ќе биде во Хернинг.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА