Познат распоредот од квалификациите за ЕП 2019: Почнуваме со Ерменија на гости, затвораме со Гибралтар

Младата репрезентација на Македонија денеска во Нион ги доби противниците во квалификациите за пласман на Европското првенство 2019 во Италија. Македонија е во Групата 7 од квалификациите заедно со селекциите на Србија, Австрија, Русија, Ерменија и Гибралтар.

Веднаш по ждрепката претставниците на сите шест репрезентации, меѓу кои беа и селекторот Благоја Милевски и Саша Ќириќ од Македонија, го дефинираа и комплетниот распоред на натпреварите за пласман на ЕП 2019.

Македонија на 5. септември оваа година ги почнува квалификациите со дуелот против Ерменија на гостински терен, а веднаш потоа прво гостување во нашава земја ќе биде она на Србија на 6. октомври. Квалификациите ќе ги затвориме на 16. октомври следната година против Гибралтар на домашен терен.

РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ ВО КВАЛИФИКАЦИИТЕ ЗА ЕП 201905. септември 2017: Ерменија – МАКЕДОНИЈА06. октомври 2017: МАКЕДОНИЈА – Србија10. октомври 2017: Гибралтар – МАКЕДОНИЈА14. ноември 2017: МАКЕДОНИЈА – Австрија23. март 2018: МАКЕДОНИЈА – Русија27. март 2018: Австрија – МАКЕДОНИЈА07. септември 2018: Србија – МАКЕДОНИЈА11. септември 2018: МАКЕДОНИЈА – Ерменија12. октомври 2018: Русија – МАКЕДОНИЈА16. октомври 2018: МАКЕДОНИЈА – Гибралтар

Се вчитува...