Познат распоредот за новата сезона во Евролигата – Реал Мадрид и Фенербахче на стартот

Најсилното европско кошаркарско натпреварување Евролигата својот старт ќе го има на 3. октомври со дуелот меѓу Химки и Макаби кој ќе се игра во Москва. Во првото коло веднаш не очекува и првиот дерби дуел во кој шампионот од пред две години Реал Мадрид ќе го пречека освојувачот на трофејот од 2017. Фенербахче.

Интересен ќе биде и мечот во Истанбул, во кој минатогодишниот финалист Анадолу Ефес ќе игра со мега тимот на Барселона. Актуелниот шампион ЦСКА Москва во првото коло ќе и гостува на Валенсија. Во останатите мечеви во првото коло ќе се сретнат: Баерн Минхен – Армани, Асвел – Олимпиакос, Жалгирис – Басконија, Алба – Зенит и Панатинаикос – Црвена Звезда. Сезонава ќе се игра по нов систем со 18 клуба, а финалниот турнир е закажан за Келн.

 

Се вчитува...