Познат распоредот за новата сезона во Ла лига – Првото „Ел класико“ во октомври

Познат е распоредот за новата сезона во шпанската Ла лига која почнува на 15. август годинава. Актуелниот шампион Атлетико Мадрид одбраната на титулата ќе ја почне со гостувањето кај Селта Виго. Барселона во најинтересниот натпревар од првата рунда ќе го дочека Реал Сосиедад, додека Реал Мадрид ќе му гостува на Депортиво Алавес.

Првото „Ел класико“ ќе се игра во 10. коло на 24. октомври на „Камп ноу“, додека вториот меч во Мадрид во 29. коло кое е на распоредот на 20. март. Атлетико Мадрид Барселона ќе ја пречека на 3. октомври во 8. коло, додека на „Камп ноу“ ќе гостува на 6. февруари во 23. коло.

Двете градски дербиња меѓу Атлетико и Реал ќе се играат на 12. декември во 17. коло и на 8. мај во 35. рунда.

Целосниот календар можете да го проследите на следниот линк. 

Се вчитува...