ПОЗНАТ СТАРТНИОТ СОСТАВ: Без Барди во средниот ред, со Елмас, Митровски и Омерагиќ во нападот

ЕКИПА ВО ЉУБЉАНА, 

Никола Станикевски 

Фудбалската репрезентација на Македонија вечерва против Словенија ќе го одигра вториот натпревар од Б-дивизијата во новото издание во Лигата на нации. По воведниот пораз од Швајцарија, мислите сега се насочени кон Словенците кои во првото коло ремизираа против Шкотска.

Селекторите на двете репрезентации одлучија со кои 11 ќе истрчаат вечерва на арена „Стожице“ во Љубљана. Гоце Седлоски со променет состав ќе тргне против Словенците. Како што најави селекторот дека ќе мора да ротира во овој циклус од четири натпревари, на овој меч во стартниот состав ќе го нема Во нападот Македонија ќе почне со двоецот Димитар Митровски/Азер Омерагиќ.

Во одбраната исто така има промени каде ќе почнеме со нова четворка: Мелиќи, Младеновски, Стојчевски и Аломеровиќ.

СОСТАВИ: 

Словенија: Облак, Брекало, Бијол, Дркушиќ, Јанжа, Черин, Карничник, Шутрм, Ловриќ, Бегиќ, Випотник.

Македонија: Димитриевски, Аломеровиќ, Младеновски, Мелиќи, Стојчевски, Гаштаров, Атанасов, Елмас, Елези, Митровски, Омерагиќ.

Се вчитува...