ПОЗНАТ СТАРТНИОТ СОСТАВ: Според најавите во 3-5-2, со Миовски и Елмас во нападот во Кардиф

ЕКИПА во Кардиф, Велс

Владимир Булатовиќ

Согласно очекувањата и најавите, македонската репрезентација во формацијата 3-5-2 ќе се спротистави на Велс вечерва од 20:45 часот на „Кардиф стадион“.

Во нападот ќе бидат очекувано Бојан Миовски и Елиф Елмас, а веднаш зад нив во средниот ред Исник Алими, Енис Барди и Тихомир Костадинов.

Во одбраната ќе биде тројката Стојчевски, Зајков и Дарко Велсковски, со Ашковски на левата страна а Бојан Илиевски очекувано на десната бековска позиција, пред голманот Столе Димитриевски.

Се вчитува...