Позната причината за смртта на момчето на Сабаленка

Белорускиот хокеар Константин Колцов ненадејно почина на 43-годишна возраст додека ја придружуваше својата девојка, познатата тенисерка Арина Сабаленко на турнир во Мајами.

Веста ја потврди хокеарскиот клуб Салават Јулаев, додека сега се појавија неофицијални информации за причината за смртта на познатиот белоруски спортист.

Според белоруските медиуми, се работи за пулмонална тромбоемболија. Поточно, „згрутчување на крвта“, при што на Колцов му се оштетиле органите и за жал немало начин да се спаси. Засега нема информации дали Колцов претходно имал здравствени проблеми, додека сите се во исчекување на објавата на тенисерката чиј живот за жал го одбележаа трагедии, бидејќи неодамна го загуби и својот татко.

Се вчитува...