Се дознаваат полека причините за отказот кој го доби тренерот на германски Лајпциг, а како причина се споменува српскиот интернационалец Андрија Максимовиќ.
Според „Билд“, Јирген Клоп, директорот за спортски прашања на Ред Бул, го критикувал Оле Вернер затоа што не ги играл повеќе српскиот играч од средниот ред.
Легендарниот тренер на Ливерпул и Борусија Дортмунд наводно лично инсистирал „Биковите“ да платат 14.000.000 евра на Црвена Звезда и 18.000.000 евра на ПСВ Ајндховен за двајца млади играчи за кои Вернер не нашол место во тимот.
Како наследник на Вернер се спомнува Мартин Демикелис, кај кого се очекува на почетокот на јули, кога ќе стартуваат подготовките, да се јави и македонскиот репрезентативец Елиф Елмас по завршувањето на позајмицата во Наполи.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
