Познати две двојки во 1/8 финалето: Холандија против САД, Англија ќе се бори со Сенегал

После одигрувањето на сите три натпревари во групната фаза во групите А и Б, познати се две 1/8 финални двојки.

Англија ќе игра против Сенегал во битка за 1/4 финалето, додека првопласираната од групата „А“ селекцијата на Холандија ќе игра против САД за место меѓу најдобрите осум.

Холандија против САД ќе игра на 3. декември на Калифа Интернационален стадион во 16 часот, додека Англија против Сенегал ќе се сретне во Ал Кор стадионот во недела 4. декември со почеток во 20 часот.

Се вчитува...