Со одигрувањето на денешните натпревари познати се двојките за баражите за пополнување на последните две места од ПМФЛ за наредната сезона.
Веќе е официјално, лигата ќе се намалува, Шкупи, Македонија ЃП и Работниички се селат во Втората лига, од втората во првата влегува Брегалница, а во баражот ќе играат второ и третопласираните екипи од вториот ранг на натпреварување, против осмиот и деветтиот од елитата.
Или конкретно, Пелистер ќе се бори за да го задржи прволигашкиот статус против Шкендија Арачиново, додека Брера за противник ќе го има Скопје.
Местата на одигрување на овие натпревари ќе биде дополнително објавено од страна на Фудбалската Федерација на Македонија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
