Познати групите за фудбалските турнири на ЛОИ во Токио – Андоновски ја напаѓа првата голема титула со САД

Извлечени се групите за машкиот и женскиот фудбалски турнир на Летните олимписки игри во Токио. Македонскиот стратег Влатко Андоновски со САД нападот на златниот медал ќе го почне во групата Г со сребренета репрезентација од игрите во Рио, Шведска како и Австралија и Нов Зеланд. Во Е групата се најдоа Јапонија, Канада, Велика Британија и Чиле, додека во Ф сегментот се Кина, Бразил, Замбија и Холандија.

На машкиот турнир во групата Д ќе имаме реприза на финалето од игрите во Рио каде Бразил по изведување на пенали беше подобар од Германија. Покрај овие две селекции се наоѓаат и Брегот на Слоновата Коска и Саудиска Арабија. Во А сегментот домаќинот Јапонија ќе игра со Јужна Африка, Мексико и Франција. Во Б групата се најдоа Нов Зеланд, Јужна Кореја, Хондурас и Романија, додека од Ц групата дел ќе бидат Египет, Шпанија, Аргентина и Австралија.

Игрите своето свечено отворање ќе го имаат на 23. јули, но фудбалските турнири поради згуснатиот распоред традиционално ќе стартуваат два дена порано.

Се вчитува...