Познати се и полуфиналните двојки во женска конкуренција за Ф4 турнирот од ракометниот Куп на Македонија, кој ќе се игра во салата „25 мај“ во Радовиш.
Актуелниот бранител на титулата, екипата на ЖРК Ѓорче Петров ќе се соочи во полуфиналето со ЖРК Вардар, а во второто полуфинале ќе се сретнат Чаир и Металург Автокоманда.
Полуфиналните дуели се закажани за 30 мај, а финалето е закажано за 31 мај.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА