Познати кандидатите за годинашната „Златна канта“: Калиниќ, Андре Силва, Пјаца…

Во Италија традиционално долги години се доделува „Златна канта“ за најголемите промашувања во светот на фудбалот, односно за играчите кои најмногу потфрлиле во очекувањата.

На листата на кандидати за оваа најмалку посакувана награда оваа година се: Никола Калиниќ (Милан), Патрик Шик (Рома), Андре Силва (Милан), Марко Пјаца (Јувентус/Фјорентина), Мбаје Нијанг (Торино), Енрике Далбер (Интер), Грегоар Дефрел (Рома/Сампдорија), Данило (Удинезе), Пабло Арментерос (Беневенто) и Атистотел Ромео (Кротоне).

Фаворити меѓу најлошите се Калиниќ и Силва кои беа промашувања на Милан. И двајцата го напуштија клубот после само една сезона иако стигнаа како големи засилувања. На оваа неславна листа високо котира и Шик кој не ги оправда очекувањата во Рим. А, во потесната конкуренција за разочарување на сезоната е и Марко Пјаца кој поради повреда не успеа да се наметне во Јувентус, а не му оди најдобро ни на позајмица во Фјорентина.

Се вчитува...