Познати паровите од плеј-офот за пласман на ЕВРО 2024

Познати се паровите од плеј-офот за пласман на Европското првенство кое следната година ќе се игра во Германија.

За пласман на завршниот турнир на Европското првенство меѓу репрезентациите од Б лигата, Израел во полуфиналето ќе ја пречека репрезентацијата на Исланд, додека Босна и Херцеговина ќе и гостува на Украина. Домаќин на финалниот натпревар доби победникот од натпреварот помеѓу БиХ и Украина.

Полуфиналните двојки од Ц лигата ќе бидат Грузија – Луксембург и Грција – Казахстан. Победникот од пресметката Грузија – Луксембург ќе биде домаќинот во финалето на подобриот од дуелот Грција – Казахстан.

Во А лигата Велс ќе игра против Финска, додека Полска ја доби Естонија за противник.

Се вчитува...