Познати се четвртфиналните групи во Купот на Македонија

Во просториите на Ракометната федерациај на Македонија денеска беа извлечени четирите групите за Купот на Македонија. Бранителот на пехарот Вардар се најде во групата 2, заедно со Пролет, Голден Арт и Радовиш.

Еурофарм Пелистер е во групата 4 со Скопје, Охрид и Куманово. Групата 1 ја сочинуваат Е. Пелистер 2, Прилеп, Мулти Есенс и Тиквеш, додека во групата 2 се Бутел, Алкалоид, Вардар Неготино и Струга.

Се игра според системот 1-4 и 2-3, а победникот од групите оди во полуфиналето на Купот на Македонија.

Групната фаза ќе се игра на 23. и 24. март.

Се вчитува...