Познати се четвртфиналните парови на Светското првенство

Елиминацијата на женската ракометна репрезентација на Хрватска по поразот од Унгарија со 23-22 го потврди учеството на Црногорките во четвртфиналето од Светското првенство па балканската репрезентација одигра само рутински натпревар во кој беше поразена од Шведска со 25-32 за крај на групната фаза.

Битката за првата позиција во третата група пак и припадна на репрезентативките на Данска кои славеа со 30-28 против Германија закажувајќи четвртфинален натпревар против Црна Гора.

Покрај овој пар во разигрувањето на континенталниот собир силите ќе си ги одмерат и: Франција и Чешка, Норвешка и Холандија и Германија и Шведска.

Се вчитува...