Познати шеширите за ЕП 2024, можен дуел Хрватска – Србија

Вчера завршија квалификациите за пласман на Европско првенство, а познати се 23 од 26 репрезентации кои ќе учествуваат на следното ЕВРО кое ќе се одржи идната година во Германија. Дополнителните три репрезентации учеснички ќе бидат познати после баражите кои ќе се играат во март идната година.

Во првиот шешир покрај домаќинот Германија, се уште и Португалија, Франција, Шпанија, Белгија и Англија. Во вториот се најдоа Унгарија, Турција, Романија, Данска, Албанија, Австрија. Во третиот има силни репрезентации како Холандија, Хрватска, потоа Шкотска, Словенија, Словачка и Чешка. Интересен е фактот дека во четвртиот шешир е Италија, а тука се и Србија и Швајцарија, како и останатите три селекции кои ќе се добијат преку Лигата на Нации.

Може да има група на смртта и во иста да бидат Хрватска и Србија, и да имаме дуел меѓу овие два лути ривали.

Се вчитува...