Познати сите учесници на ЕП 2024 преку квалификациите, уште три места ќе се пополнат преку плеј-оф

Завршија квалификациите за Европското првенство 2024 година во Германија. Познати се 23 учесници на следниот собир на најдобрите европски селекции, а остануваат уште три места, кои ќе се пополнат преку Лигата на Нациите.

Веќе се познати и шеширите на репрезентациите кои ќе играат на следното Европско првенство. Засега има две селекции од соседството кои обезбедија учество на ЕП, и тоа Албанија и Србија, со тоа што Грција преку Лигата на Нации може да обезбеди пласман во Германија.

Се вчитува...