Познати составите за „Ол стар“ натпреварот кој ќе биде во чест на Коби

НБА ја објави листата на сите кошаркари кои како замени ќе бидат дел од „Ол стар“ викендот, кој годинава ќе се одржи во Чикаго, а ќе биде во чест на Коби Брајант, кој несреќно го загуби својот живот во авионска несреќа која се случи во неделата.

Во западната конфереција покрај стартерите, Џејмс, Дончиќ, Харден, Ленард и Дејвис дел од тимот ќе бидат и Никола Јокиќ, Демјен Лилард, Донован Мичел, Руди Гобер, Брендон Инграм, Расел Весбрук и Крис Пол.

На истокот покрај Адетокумбо, Ембид, Сјакам, Вокер и Јанг, дел од тимот ќе бидат и Џими Батлер, Бен Симонс, Крис Мидлтон, Џејсон Тејтум, Домантас Сабонис, Бем Адебајо и Кајл Лаури.

 

Своите тимови ќе ги одберат капитените Леброн Џејмс и Јанис Адетокумбо, а интересно е што годинава „Ол стар“ викендот ќе се одржува по нови правила кои ќе бидат во чест на Коби Брајант.

 

Се вчитува...