Познати стартните петорки за „Ол стар“ натпреварот

НБА лигата ги објави стартните петорки за мечот на најдобрите кошаркари. Западната конференција ја предводи Леброн Џејмс кој 16. пат ќе биде дел од првата петорка на „Ол стар“ натпреварот, со што се изедначи на вечната листа со легендарниот Коби Брајант. Покрај него тука се и неверојатниот Лука Дончиќ кој стана најмладиот стартер по Леброн Џејмс во 2005 година. Во тимот се и  тимскиот колега на кралот, Ентони Дејвис, како и Џејмс Харден од Хјустон Рокетс и Кавај Ленард од ЛА Клиперс.

Во источната конференција, предводник е минатогодишниот МВП во регуларниот дел од сезоната, Јанис Антетукомбо, а тука се и Кемба Вокер од Бостон, Паскал Сјакам од Торонто, Џоел Ембид од Филаделфија и Тре Јанг од Атланта.

„Ол стар“ викендот е закажан за периодот од 14 до 16 февруари, а ќе се игра во „Јунајтед центарот“ во Чикаго.

 

Се вчитува...