Познати термините: Неделни пресметки меѓу Вардар и Кил

ЕХФ попладнево ги објави и официјалните термини за одигрување на четвртфиналните натпревари од Лигата на шампионите.

Македонскиот шампион Вардар за ривал ќе го има германскиот гигант Кил, а двете средби ќе се играат во недела, првиот меч во Германија на програмата ќе биде на 22 април во 17 часот, а реваншот во Скопје седум дена подоцна, во истата сатница.

„Црвено-црните“ се бранители на трофејот освоен лани во Келн.

Први натпревари
18 април: Флензбург – Монпелје (19 ч.)
21 април: Кјелце – ПСЖ (16)
22 април: Кил – Вардар (17)
22 април: Нант – Скјерн (19)

Реванш натпревари

28 април: ПСЖ – Кјелце (17,30)
29 април: Скјерн – Нант (16,50)
29 април: Вардар – Кил (17)
29 април: Монпелје – Флензбург (19)

Се вчитува...