Познати термините: Вардар – Фленсбург ќе се игра во четврток

ЕХФ попландево ги објави термините за одигрување на четвртфиналните натпревари во Лигата на шампионите, па така Вардар и Фленсбург ќе го имаат првиот учесник на фајналфор турнирот во Келн.

„Црвено-црните“ ќе гостуваат во Фленсбург на 22 април (сабота) во 17.30 часот, а интересно е што реванш натпреварот во Скопје е закажан за четврток, 27 април (19 часот), по што ќе биде познато кој од овие два тима ќе дојде до билет за Ф4.

За дерби во четвртфиналето важи пресметката меѓу Барселона и Кил, првиот натпревар се игра на 23 април во Германија, а реваншот во Каталонија е закажан за 29 април.

Се вчитува...