Лејкерси и Маверикс предизвикаа бура во НБА, откако во неделата рано наутро тимовите завршија со трејдот со кој Лука Дончиќ беше испратен во Лос Анџелес, а Ентони Дејвис во Далас.
Дончиќ брзо стана еден од најпродуктивните играчи во НБА од неговото доаѓање во 2018 година. Главната причина за одлуката на франшизата од Тексас да иницира размена со тимот од градот на ангелите е прилично лошата физичка состојба на Дончиќ. Поранешниот играч на Реал Мадрид пропушти 27 од 49 натпревари оваа сезона поради чести повреди.
Американските медиуми тврдат дека словенечкиот репрезентативец драстично се здебелил за време на опоравувањето (122 килограми), што го прави седми најтежок играч во лигата.
Според Марк Спирс од „ЕСПН“, Дончиќ следната недела би требало да дебитира за вториот најуспешен клуб во историјата на НБА. Лејкерси во понеделник се домаќини на Јута Џез, а два дена подоцна му гостуваат на истиот клуб. Словенецот треба да дебитира за нив на една од тие две средби, а доколку тоа не се случи ќе игра на 19. февруари против Шарлот Хорнетс.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА