Познато е кој премиерлигаш го бара Мислав Оршиќ

Соиграчот на Арјан Адеми и Стефан Ристовски во Динамо Загреб, Мислав Оршиќ оваа зима се очекува да замине од главниот град на Хрватска и да продолжи во Премиерлигата. Хрватот беше блиску до трансфер на „Островот“ и пред година дена, но тогаш во последен час пропадна трансферот во Барнли.

Сега за услугите на хрватскиот голгетер заинтересиран е последнопласираниот тим во првенството, Саутемптон кој во 17 одиграни меча постигна само 15 гола со што сериозно го закомпликува својот статус во елитното фудбалско натпреварување, но и покрај тоа се наоѓа на само два бода од зоната за опстанок.

„Светците“ спас гледаат во 30-годишникот кој и покрај тоа што нема искуство настапувајќи за клуб од петте врвни првенства, има доволно искуство настапивајќи за „модрите“ во Лигата на Шампиони. Трансферот на Оршиќ се проценува околку 10 милиони евра.

Се вчитува...