Познато е колку време ќе паузира Леброн Џејмс

Бостон Селтикс ја прекина серијата од осум победи на Лос Анџелес Лејкерс, но за тимот од ЛА лоша вест е и повредата на Леброн Џејмс.

Леброн го напушти теренот во последната четвртина, а како што објави „ЕСПН“, ѕвездата на Лејкерс ќе биде надвор од теренот поради истегнување на препоните.

Леброн ќе биде надвор од терените најмалку една или две недели. Тој ќе чека 24 часа за да направи нов преглед, по што ќе се утврди колку време ќе треба да паузира.

Се вчитува...