Српскиот кошаркар Никола Милутинов беше успешно опериран откако беше подложен на процедура за отстранување на остеосинтетскиот материјал од левата метатарзална коска на стапалото.
Центарот на Олимпијакос треба да биде отпуштен од болницата уште денеска. Милутинов не е на списокот на српската репрезентација за претстојните квалификациски натпревари за Светското првенство, а операцијата е дел од процесот на закрепнување од претходна повреда.
Засега не е објавено колку ќе трае рехабилитацијата, но се очекува дека српскиот центар ќе биде подготвен да ги започне подготовките за новата сезона. Милутинов ја освои Евролигата со Олимпијакос пред еден месец.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
