Познато каде ќе ја продолжи кариерата Франческо Бањаја

Трикратниот светски шампион Франческо Бањаја потпиша повеќегодишен договор со Априлија, почнувајќи од 2027 година, потврди италијанскиот тим.

Ден претходно беше објавено дека Бањаја ќе го напушти Дукати по осум години, а неговиот трансфер во Априлија беше познат со месеци, само што потврдата чекаше сите тимови да го потпишат колективниот договор.

На овој начин, Априлија ќе формира тим од соништата, бидејќи Марко Бецеки ја продолжи соработката со тимот на кој се приклучи на почетокот на 2025 година. Патем, Бецеки и Бањаја имаат одличен однос, што им доликува на добри пријатели, со оглед на тоа што двајцата почнуваа во Академијата Валентино Роси.

Се вчитува...