Познато кога се враќа Синер на тениските терени

Најдобриот тенисер во светот, Јаник Синер, се врати во Монте Карло, каде што го продолжува закрепнувањето од повредата. Синер го заврши третманот на зглобот во Торино, поради што мораше да го пропушти УС Опен.

Третманите имаа позитивен ефект врз состојбата на Синер. Светскиот рекет број еден се врати во Монте Карло, каде што продолжува со тренинзи, но со примена на мерки на претпазливост. Целта останува враќање на турнирот во Пекинг.

Турнирот од серијата 500, е на програмата од 30 септември. Синер последен пат настапи на Вимблдон, каде што стигна до трофејот. И покрај тоа што не играше, тој останува на врвот на АТП-листата, без оглед на тоа дали Саша Зверев ќе го освои УС Опен.

Се вчитува...