ППД Загреб го победи Нант и одигра за Вардар

Во неверојатно  издание пред својата публика во „Арена“, ППД Загреб славеше победа против фаворитот Нант со   и го спречи францускиот тим на кратко да го симне Вардар од врвот на табелата во Групата А од Лигата на шампионите на две кола пред крај на групната фаза. Вардарци пред утрешниот меч со ПИК Сегед се на лидерската позиција со 18 бода, Нант е втор со 17, а Барселона е на третото место со 16 бода и двата тима со натпревар повеќе.

ППД Загреб го одигра најдобриот натпревар сезонава и ја запиша втората победа во 12 одиграни натпревари која го крева од дното и го задржува во борбата за шестото место и за продложен настап во елитното натпреварување. Хрватскиот првак беше во водство во текот на целиот натпревар. Во првото полувреме на двапати избраниците на тренерот Златан Сарачевиќ стигнаа и до највисоки +5 (9-4, 12-7), а на одмор заминаа со водство од 12-8. Инспирираната игра на ППД Загреб продолжи и во вториот дел. Нант во одбраната немаше решение за ефикасниот Домагој Павловиќ, а во нападот тешко успеваше да го соблада Урх Кастелиц на голот на домаќините. Во финишот францускито тим успеа со два гола во серија да дојде на гол разлика, но сепак на крај остана без бод од гостувањето во Загреб.

Павловиќ со седум гола беше најефикасен во овој важен триумф за ППД Загреб. Во гостинскиот состав, по четири гола постигнаа Едуардо Гурбиндо и Никола Клер. Поради повредата на задната ложа со која се здоби за време на ЕП во Хрватска, Кире Лазаров го пропушпти и овој натпевар на Нант.

Резултати од денешните натпревари во ЛШ:

Кјелце – Целје 37-31

ПСЖ – Фленсбург 29-21

Веспрем – Мешков Брест 34-22

Барселона – Висла Плоц 28-27

ППД Загреб – Нант 23-22

Се вчитува...