Прандели: Го одбив Лестер, не сакам да работам во клуб што така постапи со Раниери

Поранешниот селектор на Италија, Чезаре Прандели, откри дека имал понуда да го преземе кормилото на Лестер по заминувањето на Раниери, но ја одбил, токму поради односот што клубот го имал кон неговиот италијански колега. Тој последно беше тренер на Валенсија, но не успеа да се задржи долго на клупата на „лилјаците“.

„Тренерската работа во фудбалот е многу тешка, но во исто време е и привлечна. Раниери направи нешто неверојатно, му донесе титула на Лестер, а после само неколку месеци беше сменет. По ова, раководството на Лестер ми се јави и ми ја понуди клупата на англискиот тим, но јас категорично тоа го одбив. Не сакам да работам во клуб кој така се однесуваше со мојот колега Раниери“, потенцираше Прандели за италијанските медиуми, застанувајќи во заштита на екс-менаџерот на „лисиците“.

Се вчитува...