Поранешниот хрватски репрезентативец Иван Класниќ конечно ја доби судската битка со клупските лекари на Вердер, кои ќе му платат четири милиони евра откако погрешно го лечеа и го загрозија неговиот живот, по тужбата што екс-голгетерот ја поднесе уште во 2008 година.
Додека настапуваше за Вердер хрватскиот голгетер=тој неколку пати бил прегледуван од тројцата лекари што ги тужеше, но тие не препознале дека Класниќ цело време носел во својот организам „темпирана бомба“. Сепак, кога во 2005 година заминал на рутински операција на слепото црево, при што хирурзите веднаш препознале сериозен проблем со работата на бубрезите.
При судскиот процес утврдено е дека Класниќ го имал здравствениот проблем уште од 2002 година, а истиот можел да биде дијагностициран и со земање на крвна слика, па нејасно е како клупските лекари на Вердер не го утврдиле и реагирале благовремено. Во меѓувреме, двата бубрези на Класниќ престанаа да функционираат, неговиот организам ги отфрли донинарите органи од татко му и од мајка му, за конечно третата трансплантација да биде успешна.
Судот донесе пресуда во корист на поранешниот фудбалер, кому лекарите ќе треба да му исплатат четири милиони евра за медицинската грешка со која му го загрозија животот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА