Правилата на Попович – Вечери без телефон, разговори за семејството…

Кошаркарската репрезентација на Соединетите Американски Држави влегува во завршната фаза од подготовките за Светското првенство. Селекторот Грег Попович покрај тактичките детали на теренот, посветува внимание и на атмосферата во тимот.

Искусниот стратег, по првпат во кариерата ќе го води дрим-тимот на едно големо натпреварување, а пред него е голем предизвик бидејќи голем дел од НБА ѕвездите го откажаа учеството на Мундобаскетот. Попович е свесен дека градење „хемија“ во тимот е важен дел од успехот.

„Често практикувам заедничка вечера со сите кошаркари на која одиме без телефони, како би можеле меѓусебно да разговараме. Разговараме, за сопругите, децата, девојките и така се зближуваме меѓусебно. Кога тимот е нов, едноставно потребни се вакви работи“, изјави популарниот Поп. 

САД е во групата Е на Светското првенство заедно со репрезентациите на Јапонија, Турција и Чешка.

Се вчитува...