Пребиениот Конор на штаки ја напушти салата во Абу Даби, па повторно се соочи со Порие (ВИДЕО)

Конор Мекгрегор, иако фаворит, беше апсолутно немоќен во синоќешната борба против Дастин Порие во Абу Даби, доживувајќи го првиот нокаут во кариерата уште во втората рунда.

Очигледно беше и по мечот дека Конор е повреден, па соблекувалната на крајот ја напушти на штаки.

 

Двајцата борци повторно се сретнаа, Мекгрегор жалејќи се пред Порие дека му настрадала ногата. Сепак, со огромна почит Ирецот му честиташе на Дастин повторно нагласувајќи дека ја заслужил победата.

Се вчитува...