Пред 26 години, светот првпат го виде Франческо Тоти

На денешен ден пред 26 години првиот натпревар го имаше еден од најголемите италијански фудбалери, Франческо Тоти. Симболот на „вечниот град“ и долгогодишен капитен на Рома, првиот меч во Серија А го имаше на 28 март 1993 година, кога имаше само 16 години.

Тогашниот тренер на Рома, Вујадин Бошков го внесе во игра младиот Франческо, во мечот против Бреша кој „волчицата“ го доби со 2-0. Останатото е историја. Тоти крај на кариерата објави во 2017 година, по 25 поминати сезони во дресот на Рома, во кои одигра 786 натпревари и постигна 307 гола.

Тој беше светски шампион со Италија во 2006 година, во 2001 ја освои Серија А, а во 2014 година во мечот против Манчестер Сити кој заврши 1-1, стана најстариот стрелец во Лигата на шампионите.

Се вчитува...