Кире Лазаров не го крие задоволството од резултатите, но и од начинот на кој се развива РК Алкалоид како сериозен спортски проект.
Македонскиот селектор се гледа како дел од овој проект и во иднина, задоволен од соработката што ја има со управата на клубот на чело со генералниот директор Живко Мукаетов.
„Јас уште пред четири години си подадов рака со генералниот директор на Алкалоид, да работиме за доброто на македонскиот ракомет. Концептот е одличен, ми се допаѓа, затоа и се вратив. Имавме проблеми и ќе имаме и во иднина, но ќе продолжиме да работиме во ист ритам. Кај мене зборот е збор, мислам дека сум лојален човек, така сум воспитан од моите родители и ми е мило што имам можност да работам со лојални луѓе како Живко Мукаетов“, изјави Лазаров.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА