Пред две години го отпишаа, сега во вратија назад: Тренирав напорно за да се вратам во Сити

Манчестер Сити официјално го врати својот поранешен фудбалер, Џејмс Трафорд назад на „Етихад“ во трансфер вреден 31 милион евра од Барнли.

Трафорд потекнува од младинската школа на Манчестер Сити, но не доби шанса да биде дел од првиот тим. По неколкуте позајмици од 2021 до 2023 година замина од клубот со преселба во Барнли за две сезони подоцна да се врати „дома“ па не го криеше задоволството што повторно ќе биде дел од „граѓаните“.

„Ова многу ретко се случува и чест ми е што е моето патишествие. Отсекогаш верував дека еден ден ќе се вратам и напорно работев за овој момент. Манчестер Сити очигледно е еден од најдобрите тимови на светот, еден од најуспешните во последните 10 години и морам да кажам дека се радувам што ќе бидам дел од овој тим, да ги видам повторно сите и едвај чекам да започнам со тренинзите за да станам уште подобар“, изјави Трафорд.

Се вчитува...