Пред еден месец загуби од Македонија, сега е фаворит за тренер на Реал Мадрид

Јоаким Лев е главен фаворит за нов тренер на Реал Мадрид, откако елиминацијата од Лигата на Шампионите повторно го зголеми притисокот врз Зинедин Зидан. Францускиот стратег уште пред извесно време најави дека е подготвен на крајот од сезонава да си замине од Мадрид, односите со претседателот Перез веќе извесно време не му се на посакуваното ниво, а токму Лев е стратегот што важи за гаворит за негов наследник во текот на летово.

Станува збор за стручњак кој со Германија се искачи на врвот на светскиот фудбал, но кој во последните години не бележи најдобри резултати. Еден од најболните порази Лев го претрпе токму пред нешто повеќе од еден месец, кога во Дуизбург беше посрамотен од репрезентацијата на Македонија.

Веќе беше јасно дека тој нема да ја води националната селекција по ЕВРО 2020, на негово место ќе пристигне Ханси Флик, а Лев не крие дека е заинтересиран за клупски ангажман. Опцијата Баерн Минхен му пропадна кога баварскиот гигант го избра Нагелсман, но Реал Мадрид дефинитивно е клуб што Германецот нема да може да го одбие.

Се вчитува...