ЕКИПА во Атина,
Стеван Цаневски
Факт е дека Алкалоид е класа за грчкиот противник, ако се суди според одиграниот прв финален натпревар од ЕХФ Европскиот куп. Факт е дека македонскиот тим демонстрираше квалитет ненадминлив, во однос на АЕК, кој треба да го однесе веќе и кон својот прв европски трофеј во само четиригодишното постоење! Факт е дека Кире Лазаров го подготви тимот, од секој вид аспект, за се што го очекува среде Атина. И факт е дека македонскиот ракомет уште еднаш победи!
А, пред фактите и боговите молчат! Па, на крајот и објективниот дел од публиката во салата во Атина која беше исполнета до последно место, со рекорд на посетеност кога ракометот е во прашање од 7.300 гледачи, го призна сето тоа… И, максимално коректно, со аплаузи ги поздрави ракометарите на Алкалоид!
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА