Пред Тотенхем падна и Арсенал: Лесно му е на Мурињо кога ги има Сон и Кејн

Тотенхем се врати на врвот на табелата во Премиер-лигата по денешниот триумф на лондонското дерби против Арсенал. Жозе Мурињо свесно го препушти поседот на топката на противникот, чекајќи „топчиите“ да остават доволно простор во сопствената половина за потоа на сцена да стапи тандемот Сон – Кејн.

Напаѓачкото дуо на „спарси“ одигра уште еден феноменален натпреваар, постигнувајќи ги головите за три бода со кои продолжи извонредната серија резултати на Тотенхем. Сон со еврогол од триесетина метри го отвори резултатот, по што Арсенал тргна во офанзива во обид да стигне до израмнување.

Пред крајот на полувремето „топчиите“ имаа дури 91% од поседот врз топката во последните пет минути, за во судиското продолжение Тотенхем да тргне во контранапад „четири на два“, Сон асистираше до Кејн, а капитенот на Тотенхем ја смести топката во мрежата на Лено.

Се вчитува...