Преименувани од ИОК: И во спортот станавме Северна Македонија

Интернационалниот Олимписки Комитет (ИОК) денеска и официјално ја верификуваше промената на ието на нашата држава, преименувајќи го Македонскиот Олимписки Комитет во Олимписки Комитет на Северна Македонија.

Со ова ќе стартува и промената на имињата на официјалното име на државата во останатите спортски организации, па се очекува во блиска иднина нашите спортски репрезентации да почнат да настапуваат под името Северна Македонија.

Извршниот комитет на ИОК е информиран дека промената на името на БЈР Македонија во Република Северна Македонија формално стапи на сила на 14 февруари 2019 година. Како резултат на тоа, името на националниот олимписки комитет ќе биде променето од Олимписки комитет на БЈР Македонија во Олимписки комитет на Северна Македонија“, потврдуваат од ИОК.

Се вчитува...