Прекин во Глазгов поради натопен терен (ВИДЕО)

Дуелот меѓу Шкотска и Грузија во квалификациите за ЕП 2024 на „Хемпден Парк“ во Глазгов е прекинат во 10. минута поради премногу дожд на теренот.

Судијата на овој меч процени дека нема услови, и покрај тоа што се играа 10 минути и Шкотланѓаните имаат предност од 1-0 со голот на Мегрегор.

Натпреварот треба да продолжи после 30 минути пауза, откако ќе се исчисти водата и ќе се овозможат сите услови.

Се вчитува...