Прекин во Монпелје: Фудбалер на Олимпик Марсеј погоден со тврд предмет од трибините

Публиката се врати на француските стадиони за стартот на новата сезона, но со самото тоа почнаа и инцидентите што ги прават навивачите.

Веќе во стартната рунда бевме сведоци на сериозен инцидент откако навивачи на Монпелје го погодија со тврд предмет во главата гостинскиот фудбалер на Олимпик Марсеј, Валентин Ронжие. На фудбалерот му се појави и крв во пределот на устата и мораше да му биде укажана лекарска помош, по што судијата реши да го прекине мечот. Организаторите веднаш го фатија виновникот и истиот беше исфрлен од трибините, по што мечот се доигра.

Олимпик Марсеј славеше со 2-3 со фантастичен пресврт откако Монпелје по првото полувреме имаше водство од 2-1. Ченгиз Ундер, кој е на позајмица од Рома, дебитираше со гол во француското првенство, по што Паје со два гола за нецели десет минути донесе целосен резултатски пресврт и победа а гостите од Марсеј.

Се вчитува...