Прекината серијата од 17 меча без пораз на Бразил

Перу приреди големо изненадување откако славеше над Бразил со 1-0 на пријателскиот натпревар што се одигра во Лос Анџелес, во репризата на овогодинешното финале на Копа Америка.

„Кариоките“ влегоа во овој меч со серија од 17 меча без пораз, што беше прекината откако Луис Абрам постигна погодок во 85. минута за шок меѓу бразилските фудбалери и навивачи. Ова беше прв пораз на Бразил по неуспехот во четвртфиналето на СП 2018 од селекцијата на Белгија.

Нејмар влезе во игра во второто полувреме, но за разлика од мечот со Колумбија (2-2) на кој забележа гол и асистенција овојпат асот на ПСЖ немаше позначаен ефект на теренот.

Се вчитува...