Прекрасен шут на Адеми, нов гол за Динамо Загреб (ВИДЕО)

Македонскиот репрезентативец Аријан Адеми продолжува со одличната форма во дресот на Динамо Загреб, постигнувајќи погодок во 10. коло од шампионатот на гостувањето против Локомотива.

Адеми уште во 6. минута од средбата одлично шутираше од 15 метри во долниот лев агол од голот на домашните за водство во тие моменти од 0-1.

Во продолжението, Локомотива успеа да израмни, но Динамо Загреб во 47. минута преку Петковиќ дојде до втор гол за 1-2.

Во комбинација на денешниот натпревар на „модрите“ не е капитенот на македонската репрезентација, Стефан Ристовски.

Се вчитува...