Прекрасната и чудна Грција: Под знак прашалник дербито oткако судиите мртви пијани навредувале граѓани

Неколку часа пред натпреварот меѓу АЕК и Арис во 4. коло од плеј-офот на грчката Суперлига, настана сериозен проблем околу судиите кои беа делегирани за овој важен натпревар.

Поточно полскиот судија Павел Рачковски заедно со неговите помошници Радослав Сиечка, Адам Купшик и ВАР-судијата Кшиштоф Јакубик се појавија пијани и направија проблеми со нивното однесување по пристигнувањето на грчкиот аеродром. Всушност, проблемите настанаа на патот кон грчката престолнина.

Во авионот конзумирале големи количества алкохол, а на останатите патници им кажувале ужасни работи. Еден од нив наводно плукнал по еден од присутните. Полските судии тогаш беа прогласени за „исчезнати лица“, а одигрувањето на натпреварот меѓу АЕК и Арис дури беше под знак прашалник.

Но, по еден неочекуван и неверојатен развој на настаните, координаторот на судиите Стив Бенет реши да го замени полскиот тим со грчки судии кои ќе го водат дербито. Засега таков е планот, но се уште ништо не е потврдено.

Се вчитува...